(ВИДЕО) Кузеска: Власта спроведува опасна и брутална партизација на институциите

Од:

Режимските тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ покажуваат не можат да функционираат поинаку. Власта спроведува опасна и брутална партизација на институциите, на безбедносните служби, агенциите, режимот дефинитивно се враќа. Додека се бркаат луѓе од работа, се прават партиски чистки се поставуваат партиски луѓе на клучни позиции во безбедносните институции, изјави Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.

– Еклатантен пример е Агенцијата за национална безбедност. Наместо професионалец власта поставува претседател на Градскиот комитет за директор на АНБ, којшто е прашање дали ги исполнува законските услови да биде на оваа позиција. Додека јавноста чека разрешница за лажните сертификати за познавање англиски јазик се отвори и прашањето дали и факултетската диплома на Христовски е соодветна.

Ваквото однесување создава долгорочни последици за работата на безбедносните служби, правната држава и демократијата во земјата. И сето ова се случува во време кога безбедносната состојба во земјата се влошува со секојдневни пукања, инциденти и нереди. Власта спроведува широка стратегија за целосна партизација на институциите. Советот за граѓански надзор на комуникациите, тело кое треба да спречува злоупотреба на следењето на комуникациите, е пред сериозна опасност да стане параван за нови злоупотреби. Исто како оние кои ја потресоа Македонија за време на режимот на Груевски со прислушување на 20.000 граѓаните. Наместо да биде составено од компетентни и непартиски експерти, ВМРО-ДПМНЕ го претвора Советот во инструмент на партиска контрола на комуникации и прислушување.

За претседател на Советот е предложен Илче Димовски – долгогодишен партиски активист на ВМРО-ДПМНЕ. Илче е Претседател на УМС Битола и секретар на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Битола. Следен е Стојанче Рибарев, член на Советот за граѓански надзор на комуникациите. Рибарев е добро познат во јавноста како поранешен судија, разрешен поради злоупотреби во правосудниот систем, познат како спасител на Никола Груевски од притвор во 2017 година. Сега треба да веруваме дека истиот тој Рибарев, ќе ги штити граѓаните од злоупотреби и ќе спречи повторување на скандалозното масовно прислушување од времето на Груевски? Нема шанси. За член на Советот е предложен и Мирче Стојков, поранешен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и актуелен советник во советот од ДПМНЕ.
Тука е и Никола Затуровски – долгогодишен функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Советот за граѓански надзор на комуникациите, замислен како независен механизам за заштита на граѓанските права, сега станува играчка во рацете ВМРО-ДПМНЕ и алатка за нови злоупотребени. Ова е сериозен удар врз демократијата и ја покажува намерата на ДПМНЕ за повторно заробување на институциите и враќање на земјата во мрачните времиња на режимот. СДСМ ја повикува целата демократска јавност, сите прогресивни сили, заедно да се противставиме на масовната партизацијата и ударот врз демократијата во земјата – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“