(ВИДЕО) Кузеска: Власта ја партизира АЕК и ухлебува некомпетентни кадри – спорен избор на Трпковска

Од:

Уште еден скандал на власта на Мицкоски и ДПМНЕ, уште едно скандалозно ухлебување и груба партизација на АЕК. Сопственичката на фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража кај Собранието, Анкица Трпковска, власта ја избра да биде член на Комисијата на АЕК (Агенцијата за електронски комуникации) со надоместок од 2.700 евра месечно, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Ухлебувањето на Трпковска е спорен од повеќе аспекти. Прво, власта спроведува брутална партизација АЕК, која треба да биде независно тело, и вдомува лица со лични и партиски релации со функционерите од актуелната власт. Трпковска се уште се води како сопственичка на компанијата што требаше да ја гради спорната катна гаража а избрана е во период кога се подготвува Закон со кој би требало да се обештети нејзината компанија.

На нејзината фирма адвокат и беше Панче Тошковски. Дали ова не е конфликт на интерес само по себе? Дали блиските релации на нејзиното најтесно семејство со Панче Тошковски се една од причините зошто е избрана Трпковска? Нема ништо независно. Второ, власта го прекршува Законот за електронски комуникации. Еве ја биографијата на Трпковска.

Навела дека пред неколку години завршила високо образование по јавна администрација и дека се стекнала и со магистер по правни науки. Што значи нема посебни познавања од областа на електронските комуникации. Освен ако власта смета дека познавање од областа на електронските комуникации е користење Интернет и Ворд како што самата Трпковска напишала во биографијата. Во член 17 од Законот за електронски комуникации јасно се дефинирани условите, за да биде избран некој член на Комисијата на АЕК мора да има соодветно работно искуство во струката и цитирам „посебни знаење од областа на електронските комуникации“.

Тоа не е случај со Трпчковска и СДСМ изразува сомнеж дали таа воопшто ги исполнува условите и основните критериуми. Станува збор за целосно некомпетентен човек без познавање на електронските комуникации, одноставно несоодветен за оваа позиција. ДПМНЕ и Мицкоски едно ветуваа пред изборите, сега друго прават. Не само во АЕК, партизацијата со некомпетентни луѓе ДПМНЕ спроведува и во Агенцијата за разузнавање, во МВР, по министерствата, институциите, насекаде. Со партизација и ухлебување на блиски до власта Мицкоски и ДПМНЕ ги осакатува институциите.Или до ова дереџе е дојдена работата или мотивите се сите зделки на власта понатаму во делот на телекомуникациите да бидат под партиска контрола на ДПМНЕ во АЕК. Бараме повлекување на ова одлука на Владата и мнозинството, а Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет по допрен глас – вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Повеќе од јасно е дека истрагата за трагедијата во Кочани се води селективно и во погрешен правец

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата