(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски е одговорен за да го обезбеди куќниот притвор, тој е одговорен за бегството

Од:

Очаен е обидот за спинување на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно судот е крив што го ставил во куќен притвор Блерим Рамадани. Тошковски и МВР се задолжени да го обезбедат куќниот притвор на притвореникот, кого се обидуваат да излажат? Зар мислат дека СДСМ не ги знае процедурите и одговорноститe, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

-Тошковски сноси директна одговорност за бегството на Рамадани и за тоа треба да има одговорност. Но прашањето кое треба да го одговорат не дали избегал туку дали го пуштиле? Дали ова е дел од договореното меѓу Мицкоски и Курти и барање на ВЛЕН? Дали Мицкоски уште еднаш мижи пред законите да му удоволи на албанскиот коалициски партнер? Прво го бранеше Гаши за обезбедувањето и одби да го смени, а сега пушта притвореници на слобода по нивно барање – тврди Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?