(ВИДЕО) Кузеска: Се претвараме во јужноамериканско гето каде полицијата буквално нема контрола над одредени делови од земјата

Од:

Се случува вистински хорор со безбедносната состојба. Бараме итно расчистување на случајот, но очигледно е дека Тошковски целосно ја изгуби контролата над безбедносната состојба во државата. Ова што се случува веќе е крајно загрижувачки, сведоци сме на секојдневно пукање, палење возила, напади на службени лица, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

– Криминалот и бандите се чувствуваат заштитено и безбедно со оваа власт и тоа е директна последица на неспособноста на Тошковски, но и толерирањето на криминалците. Тошковски мора да си оди од позицијата министер пред државата целосно да се препушти во владение на бандите по улиците. Полека, но сигурно ни се случува да се претвараме во јужноамериканско гето каде полицијата буквално нема контрола над одредени делови од земјата. Мицковски вели дека мајките можеле мирно да спијат, Тошковски вели дека безбедноста е подобрена, ова се лаги кои граѓаните со потсмев, но и со страв ги дочекуваат. Потребно е да се сфати од страна на власта дека со безбедноста нема играње и таа не смее да биде предмет на нивниот дневен ПР, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?