(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ стави крај на насилството врз новинарите и обезбеди слобода на медиумите, потврдено од ПССЕ

Од:

„Враќањето на слободата и демократијата во земјава како еден од главните приоритети на Социјалдемократскиот сојуз е признат и поддржан од целиот свет.

Најновиот извештај на Парламентарното Собрание на Советот на Европа потврдува дека од 2018 Република Северна Македонија се издвојува од другите земји на поранешна Југославија преку намален притисок и гонење на новинарите.

Во извештајот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа се нагласува ситуацијата во Северна Македонија во 2017 година, кога новинари беа претепани додека покриваа демонстрации пред парламентот.

Како и дека вкупно на 21 новинар им биле упатени закани или им било попречено известувањето ОД местото на настанот.

Во извештајот е нотирано дека поранешниот лидер на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги опишал своите противници како предавници, покрај серијата напади врз медиумите во февруари 2017 година“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„СДСМ и владата којашто ја предводи, успеа да стави крај на насилството врз новинарите и да обезбеди слобода на медиумите.

Денес, заложбите на СДСМ за слободни медиуми се потврдуваат.

Додека 11 години не смееше да се зборува, имавме заробени институции, медиуми и загрозени човекови права, поделби и етнички тензии, денес живееме во слободна држава.

Напредокот што го постигнува нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.

Слободата на медиумите за нас е врвен приоритет и ќе продолжиме посветено да ја обезбедуваме на сите нивоа.

Реформите мора да продолжат во интерес на државата, медиумите и граѓаните“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски