(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ се бори со кризата и ги штити граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ блокира

Од:

Владата и институциите предводени од СДСМ одговорно и посветено работат на надминување на последиците од глобалната енергетска криза. Во пресрет на најтешката зима после Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ презема конкретни чекори за зголемено производство на струја, обезбедување доволни количини енергија, но и поддршка на граѓаните и стопанството за полесно справување со последиците, изјави на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Во таа насока е и одлуката за ограничување на трговската маржа на електричната енергија со што им се излегува в пресрет на компапниите, училиштата и други субјекти кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар.

Планот за производство на ЕСМ, државната компанија за производство на електрична енергија е зголемен за 25 отсто. Цената на електричната енергија за крајните потрошувачи, односно домаќинствата, и натаму ќе биде субвенционирана од страна на државата во висина од 80 отсто.

Покрај ова се преземаат и долгорочни решенија за зголемено производство на електрична енергија и намалување на зависноста од увозот на струја.Со законски измени, секој покрив станува мини електрана со поставување на фотонапонски панели за што постапката е многу поедноставена.

Владата има јасен план за пребродување на овој кризен период, се до април 2023 година и продолжува посветено да работи во интерес на сите граѓани и стопанството. И додека СДСМ презема мерки во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски по секоја цена продолжуваат со блокадите.

Наместо конструктивност ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со барањата за избори, за референдум се обидуваат да го попречат нормалното функционирање на институциите, на штета на домашната економија, на штета на граѓаните. Нивното такво деструктивно однесување одново ќе биде поразено – рече Кузеска
.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Кузеска: Враќање назад кон режимот на ДПМНЕ може да спречи со глас за членство во ЕУ

(ВИДЕО) Кузеска: Цела шема на непотизам на ДПМНЕ и Пецаков во Охрид

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: За еден ден СДСМ собра над 22.000 потписи за Пендаровски, паднаа во вода лажните анкети на ДПМНЕ

Горан Наумовски

Кузеска: Многу слаба понуда во техничката Влада, ДПМНЕ нема кадровски потенцијал

(ВИДЕО) Кузеска: Година на одлука, европски напредок со СДСМ или изолација со ДПМНЕ

Горан Наумовски