(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за Претседател на државата

Од:

СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за Претседател на државата за претседателските избори оваа година. Како партија со најголема внатрепартиска демократија во земјава СДСМ спроведува транспарентна и демократска постапка за избор на најдобриот кандидат. СДСМ го избира победничкиот кандидат кој ќе биде иден Претседател на Републиката. Во тек е веќе номинацијата на можни кандидати за претседател на државата во рамки на месните одбори во општинските организации на СДСМ, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Дополнително, отворен е и јавен повик за само кандидирање, преку оглас во дневни весници на македонски и албански јазик. Со сите документи и формулари од денеска јавниот повик е достапен и на официјалната интернет страница на СДСМ. Даваме можност за само кандидирање и на личности кои не се од СДСМ но ги споделуваат социјалдемократските вредности. Сите кандидати мора да ги исполнуваат највисоките критериуми.

Да имаат висок општествен углед и кредибилитет, да уживаат доверба од членството, симпатизерите. Да ги делат вредностите на социјалдемократијата, да ги почитуваат посебностите на сите наши граѓани без разлика на верска и етничка припадност и да се обврзат на неуморна работа за меѓународниот углед на татковината и исполнување на уште една стратешка и национална цел: членство во ЕУ.

Сите кандидати мора да го прифатат, да го почитуваат и да се придржуваат кон Кодексот за однесување на членовите и функционерите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Нашите вредности не дефинираат и не разликуваат од антиевропските и недемократски партии како ДПМНЕ и Левица. Ги повикуваме сите кои ги исполнуваат критериумите и кои се заинтересирани да се пријават. За текот на процесот ќе ја информираме јавноста. СДСМ ќе го има новиот претседател на државата, СДСМ ќе ја формира иднината проевропска Влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ во новиот мандат – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

(ВИДЕО) Кузеска: Цела шема на непотизам на ДПМНЕ и Пецаков во Охрид

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: За еден ден СДСМ собра над 22.000 потписи за Пендаровски, паднаа во вода лажните анкети на ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: 622 милиони евра кај граѓаните и компаниите, со СДСМ има повеќе за сите

(ВИДЕО) Кузеска: Радикали, дилери, лица фатени со кокаин, со такви луѓе е опкружен Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали средбите на Мицкоски со монструмот Палевски се причина за манипулациите на ДПМНЕ?

Горан Наумовски