(ВИДЕО) Кузеска: По демантот од Чешка и Словачка, Николоски и Мицкоски да им се извинат на граѓаните за лажните вести

Од:

„Уште една шлаканица доби ВМРО лажни вести ДПМНЕ, партијата којa и во меѓународни студии е препознаена како извор на лажни вести и дезинформации.

Амбасадорите на Чешка и Словачка јавно ги соголеа срамните и безобразни лаги на Александар Николовски и Христијан Мицкоски, дека ВМРО-ДПМНЕ одработила Чешка и Словачка, како членки на ЕУ да се спротивстават на блокадата на Бугарија.

Лагите на Николовски, исто како и лагите на Мицкоски неколкупати се демантирани од релевантни субјекти“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Пред само неколку дена Данска ги дименатираше лажните вести дека го поддржала ветото на Бугарија.

Студија на ЕУ го нотираше Христијан Мицкоски како извор на лажни вести.

На почеток на светската пандемија со вирусот, Организацијата на Обединетите нации во земјава го демантираше Николовски и лажната изјава за проценка на преземените мерки.

Ова безобразно лажење на ВМРО ДПМНЕ, олицетворени преку Христијан Мицкоски и Александар Николовски, е вистинското лице на оваа фејк њуз партија.

Неодговорноста на Александар Николовски ја девалвира и фунцијата пратеник во очите на нашите меѓународни партнери и поддржувачи.

Најмалку што можат Мицкоски и Николовски е јавно да се извинат за изнесените лаги.

Дополнително, Николовски треба да си поднесе оставка од пратеничкото место во Собранието.

Недозволиво е вакво неодговорно однесување, пратеник да ги лаже своите граѓани. Граѓаните не заслужуваат лаги.

Човек што свесно шири лаги, што го руши меѓународниот углед на државата, не може да се смета за нивни претставник.

ВМРО-ДПМНЕ е комплетна феjк-њуз партија која на граѓаните не може да им понуди ништо освен невистини.

Затоа губат 6 пати на избори, затоа граѓаните им го свртеа грбот“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците