(ВИДЕО) Кузеска: Одговорност за лицемерот Мицкоски кој крши ковид протоколи додека неговата ВМРО-ДПМНЕ бара онлајн настава

Од:

„Во време кога повторно има поголем број активни случаи од Ковид 19, кога лекарите и медицинскиот персонал не можат да здивнат поради состојбата со вирусот, Мицкоски си поигрува со здравјето на граѓаните и крши протоколи. Се гоштева Мицкоски во кафанска атмосфера, збиено седнат во тесна просторија“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Неговата ВМРО-ДПМНЕ наутро бара онлајн настава а тој попладне крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните.

Нема ништо искрено во оваа партија, нема чесна намера ниту кон учениците ниту кон родителите ниту кон граѓаните.

Тоа е лицемерието, неодговорноста и би додале самобендисаноста на Христијан Мицкоски.

Едно зборува, друго прави. На штета на здравјето на луѓето.

Ете колку не им тежи зборот.

Дали е нормално и етички во верски објект некој да се однесува како да е кафана е едно прашање.

Но, кршењето на протоколите за заштита на здравјето на луѓето повлекува одговорност. Надлежните институции очекуваме да реагираат на ова скандалозно однесување на Христијан Мицкоски.

Ова е вистинското, лицемерно и неискрено лице на Христијан Мицкоски кој од почеток на глобалната пандемија се однесува вака, неодговорно и срамно.

Мицкоски го поткопуваше процесот на вакцинација и се криеше по кафеани кога беше фатен дека ги прекршува протоколите.

Повеќе од јасно зошто од Мицкоски, не слушнавме осуда за охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, кој наместо во самоизолација, нодоговорно се појави на верски празник меѓу граѓаните.

Тоа е една иста матрица и едно исто непочитивање ниту на законите, ниту на граѓаните. Тоа е Христијан Мицкоски, човек кој лаже и се однесува лицемерно“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар