(ВИДЕО) Кузеска: Од успешниот попис имаме бројни придобивки за економски и развојни политики

Од:

„По речиси 20 години државата спроведе успешен попис согласно светските пракси и стандардите на Евростат. Пописот е поздравен и од Европската комисија и од сите релевантни чинители. Ова е успех на државата, на граѓаните кои учествуваа во најсложената статистичка операција“, соопшти Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Бројни, пред се економски и развојни придобивки има од пописот. Владата, институциите, компаниите, добиваат точни, релевантни податоци на кои ќе се базираат идните мерки и политики.

Пописот дава увид колкава е потребата од стручен кадар за деца во градинките, увид на структурата на образованието на населението, по што би можеле да креираме политики за усогласување на потребите на пазарот на трудот;

Со податоците од новиот попис ќе имаме увид во степенот на развиеност на планските региони.

Врз основа на овој акт Владата ги распределува буџетските средства за финансирање на проекти од Програмата за рамномерен регионален развој, чија цел е намалување на развојните разлики меѓу планските региони и меѓу општините.

Домашните и странски инвеститори ќе добијат појасна слика за распределбата на квалификувана работна сила со што ќе им се помогне во планирањето на идни инвестиции.

Пописот е статистичка операција, важна за државата и идниот развој и не треба да се политизира.

Сведочевме на непотребна и неодговорна политизација на самиот старт и повици за бојкот кои не успеаја.

Граѓаните масовно учествуваа во оваа операција и дадоа придонес за спроведување успешен попис, по европски стандарди.

Како одговорна, државотворна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики во интерес на граѓаните, во интерес на државата“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он