(ВИДЕО) Кузеска: Недозволивата политизација на трагедијата го покажа непознавањето на Мицкоски на Уставот и законите

Од:

„Во време на национална тага и целосна мобилизација на институциите за расветлување на случајот, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да профитираат на сметка на трагедијата. Недозволивата политизација на трагедијата го покажа политиканството и непознавањето на Уставот и законите од страна на Мицкоски“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница. (член 94, Устав)

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат Христијан Мицкоски.

Заврши времето кога политиката доминираше над правото.

Заврши времето кога истраги и записници од постапки се диктираа по телефон, се измислуваа сведоци и се злоупотребуваа институциите да прават театри пред јавноста.

Заврши времето на напишани пресуди пред завршени постапки.

Тоа време беше кога ВМРО ДПМНЕ беше и полиција, и обвинител, и судија, и сведок!

Сега се постапува по Устав, по Закон, по пропис. Има истрага која ја водат надлежни органи и една таква истрага, темелна, независна и професионална ќе ги даде сите одговори.

ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да се повикува на морал, а уште помалку пак има образ да го оценува работењето на Венко Филипче, кое го саботираше во секоја можна прилика.

Тоа е партијата која во Собрание ја блокира изградбата на нов Клинички центар, која ја саботира борбата против Ковид 19, ги поткопува мерките за заштита на здравјето, поддржува антиваксерски протести.

Ова се само дел од причините поради кои раководството на оваа партија треба да се воздржи од користење на зборови како етика и одговорност и конечно треба да научат право, што е Устав и Закон и најважно да го почитуваат“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски