(ВИДЕО) Кузеска: Недела неработен ден станува реалност за работниците, следува и зголемување на минималната плата

Од:

„Недела да биде неработен ден за работниците и работничките станува реалност. Надлежната Собраниска комисија го усвои Предлог Законот за работни односи и даде зелено светло од први јануари да почне примената на законското решение недела да биде неработен ден. Во интерес на работниците очекуваме Законот биде усвоен и на пленарна седница“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„СДСМ стои зад работниците, сакаме заеднички да овозможиме позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд од кои придобивки имаат сите.

Недела неработен ден и поголема минимална плата се социјалдемократски политики и затоа СДСМ со партнерите од Владата поднесе и силно ги поддржува измените на законите во интерес на работниците.

Право на Синдикатот е на свој начин да се бори за остварување на овие права и ние како партнер на синдикатите тоа го поддржуваме.

Граѓаните знаат дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица ги блокираа измените во Законот за работните односи, со што покажаа дека воопшто не им е грижа за работниците.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ силно е против зголемување на минималната плата.

Сега, со вклучувањето на Алтернатива се создадоа нови можности, зголеменото и стабилно парламентарно мнозинство да ги порази блокадите и опструкциите на опозицијата, да се обезбеди повисока минимална плата а недела да биде неработен ден!

Повисоките плати, поголема минимална плата, се еден од предусловите за задржување на нашите граѓани и граѓанки во државата.

Последното барање на Сојузот на синдикатите на Македонија е потпишување на Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор и К-15 за сите вработени.

Како социјалдемократска влада, нашата интенција е сите вработени да бидат третирани подеднакво и затоа се прават напори да се обезбедат финансиски средства за регрес за годишен одмор (К-15).

Ние сме солидарни со синдикатите, со работниците и работничките а заедништвото е тоа што ќе не’ донесе до нашата заедничка цел: подобар живот и повисок економски стандард за сите граѓани“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Неработната недела во Хрватска дочекана на нож, многумина се надеваат дека ќе падне на Уставен суд

Предраг Петровиќ

Уставниот суд не донесе одлука за „работа во недела“

Во Чаир казни за 12 продавници кои работеле во недела

Бектеши: Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

А1он

Министерството за економија достави до Собранието предлог во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50% повисока дневница

Ана Ололовска