(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот „Теретана“

Од:

„Христијан Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот „Теретана“.
За Мицкоски сосема е нормално да крене телефон и да врши притисок врз полицијата за побрзо да се затвори неговиот случај со теретаната.

Дури и Наќе Чулев, под притисок на својот шеф, Мицкоски, побрза да го одбрани со незрела изјава дека припадниците на МВР не носеле ракавици туку тоа замислете, кажа дека е „отсјај“ од светлото“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Целата јавност ја виде снимката среде најголемата здравствена криза.

Граѓаните видоа како Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата „Тигар“ и уште еден полициски службеник.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Неодговорното однесување на Мицкоски е дел од истата, режимска матрица на оваа партија.

Единствена цел е да ги заробат институциите и да ги злоупотребуваат за партиски и лични цели, на истиот начин како што тоа го правеа 11 години под менторство на Никола Груевски.

Мицкоски треба да знае – времето на привилегирани, на затворање на случаите со притисоци по телефон, заврши.

Истрагата на МВР е во тек и продолжува. Истрагата ќе утврди дали Мицкоски вежбал во време кога на сила се забраните против коронавирусот и кога се затворени ваквите објекти, и дали има одговорност.

Сепак, ќе остане запаметено дека за време на најголемата здравствена криза Христијан Мицкоски се однесуваше крајно неодоговорно, несериозно и незрело“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ