(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски призна дека е на браникот на криминалот, продолжува да работи на штета на државните интереси

Од:

„Македонскиот народ, јавноста заслужува извинување од Христијан Мицкоски за сите негови лаги и хистерии што ги ширеше на сметка на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Сите негови клевети и лаги дека се распродавал македонскиот идентитет, дека се распрачувала нашата земја се срушени.

И денеска, како и секој ден досега, македонскиот идентитет не е распродаден туку е сочуван и нашата држава не е распарчена како што Мицкоски лажеше.

Со ова, почитувани, уште еднаш се потврди антиевропското и антидржавно лице на Мицкоски“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Тој е единствениот кој се израдува на грешката и неодобрувањето на меѓувладината конференција за Република Северна Македонија од страна на Република Бугарија. Беше и единствениот кој не се израдува и не честиташе на членството во НАТО.

Деструктивните политики кои ги води Мицкоски не може да ги сокрие, па единствено не лаже кога вели “Јас сум единствениот кој стои на браникот на криминалот”- ова е изјава на лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Да, Мицкоски призна дека единствен кој е на браникот на криминалот, нешто што јавноста одамна го знае.

Затоа тој и ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка од граѓаните, затоа уште долго остануваат во опозиција, сами и изолирани на браникот на криминалот, изолирани во антидржавното и деструктивно однесување на штета на државните и национални интереси“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук