(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ја доведе ВМРО-ДПМНЕ до стечај и блокирани сметки

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на партијата.

Извршители тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ и поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки со мотиви на поранешното раководство на партијата, набавени за потребите на белиот дворец.

Раководство кое го држеше народот во сиромаштија, за време на 11-годишниот режим“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Токму тогаш, додека партијата на Мицкоски се богатеше, голем број граѓани се соочија со извршителите, тонеа во долгови додека ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошеше парите од Буџетот.

Сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски не е способно да менаџира со средствата и да си ги плати долговите.

Па како тогаш од граѓаните бараат доверба да располагаат со државниот Буџет, кога не можат да го менаџираат ниту сопствениот, партиски буџет.

Ова почитувани е доказ за расипништвото и недомаќинското работење на своевремено најбогатата партија во Европа.

Но покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ треба да даде одговор и на прашањето каде се парите? Дали и во чии џебови завршиле? Особено што политичките партии добиваат и буџетски средства, пари од државата како помош во работата.

За ова очекуваме да дадат одговори и надлежните институции.

Мицкоски успеа најбогатата партија во Европа да ја донесе во стечај, а сака да ја води државата.

Ете зошто граѓаните не им дозволуваат на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да управуваат со јавните финанси.

Граѓаните одамна се свесни за расипничкиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, затоа не им дозволуваат да ја водат државата, затоа три пати ги казнуваат на избори и затоа Мицкоски ќе остане во опозиција“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст