(ВИДЕО) Кузеска: Кавгите за тендери меѓу Мицкоски и Арсовска на површина извадија страшни и скандалозни закани

Од:

Кавгите за тендери и за рацете во медот меѓу Мицкоски и Арсовска на површина извадија страшни и скандалозни закани и навреди, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција.

„Од првиот момент кога ќе станам премиер, ќе те влечеме по улици’ и ‘Ќе го бришеме подот со тебе’“, вака, според Арсовска, се заканувал шпицниот градоначалник Мицкоски. ‘Арсовска да ѝ достави на јавноста релевантен лекарски доказ, од кој ќе се увиди дека таа е навистина психички здрава личност’“, врати ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на Арсовска. „Наместо за граѓаните, наместо за проекти, граѓаните слушаат закани, навреди, едно ниско, разочарувачко ниво“, рече Кузеска.

Нагласи дека ова е само уште една потврда оти ВМРО-ДПМНЕ не е поместено ниту еден милиметар од, како што рече, насилничката матрица, која 11 години ги тероризира граѓаните и државата.

„Ако Мицкоски сега како шеф на опозициска партија се заканува на актуелен градоначалник, може да замислиме како тој ќе постапува ако по некоја случајност добие шанса да предводи централната власт. Ете што ги чека граѓаните со Мицкоски. Закани, насилство, навреди, влечење по улици, ништо добро. И додека Арсовска и Мицкоски меѓусебно се обвинуваат, се закануваат и се клеветат, СДСМ е тој што им ги решава проблемите на скопјани. Парното во Скопје веќе го презеде Владата на премиерот Ковачевски. Благодарение на одговорниот пристап на премиерот Димитар Ковачевски блокадите на скопските улици се отстранети и не се веќе на грбот на скопјани. Дадена е шанса преку дијалог да дојдат до решение. Граѓаните само во премиерот Ковачевски гледаат сериозен партнер и човек што се грижи за нив. Граѓаните, Скопје и скопјани не заслужуваат да бидат заложници на кавгите на Мицкоски и Арсовска“, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?