(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Од:

Од овде, пред Јавното обвинителство бараме да постапи за големиот корупциски скандал со тендери од речиси 9 милиони евра, доделени на фирма со само двајца вработени. Јавно и детално, пред граѓаните, со факти и докази веќе ја презентиравме целата корупциска шема. Сите докази се јавно достапни, објавени, проверливи и повеќе од доволни за старт на истрага. Поднесовме и пријава до Државната комисија за спречување на коруцпија. Јавното обвинителство не смее да молчи туку да делува. Крадењето на народот преку корупциски шеми за пумпање на парите мора да запре и да следува одговорност. Станува збор за 9 милиони евра пари на граѓаните кои треба да завршат кај граѓаните а не по џебовите на врхушхата на власт и во Белата палата, изјави Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.

– Власта на големо спроведува грабеж преку шема за испумпување на народните пари. Ова се истите шеми на Никола Груевски и Сашо Мијалков, со кои се испумпаа 2 милијарди евра пари на граѓаните.
Мицкоски само го продолжува тоа што го научил од неговите учители. Исти ликови исти шеми. Иста банда! СДСМ ја започна борбата против корупцијата и криминалот на власта и продолжуваме. Нема да застанеме. Работата се уште не е завршена, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?