(ВИДЕО) Кузеска: Инспекторите на Државниот инспекторат за труд работат на црно, тие се одјавени во Агенцијата за вработување

Од:

СДСМ денеска открива уште еден скандал кој покажува до каде ја доведе државата и институициите оваа неспособна власт на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Во овој момент, Државниот инспекторат за труд практично не постои! Од 28 февруари, државните инспектори од Трудовиот инспекторат се одјавени во Агенцијата за вработување.
Инспекторите кои треба да се борат против работата на црно, самите работат на црно! Веќе цела недела не се вработени, односно се отпуштени од работа, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

– Владата на Мицкоски ги доведе во ситуација тие да работат без правен основ, што е скандалозно и апсолутно недозволиво. Но скандалот е уште поголем затоа што ова значи дека сите инспекциски надзори кои ги спроведуваат се апсолутно нелегални, незаконски. Сите акции што се спроведуваат со Министерството за внатрешни работи во изминатите денови се правно неважечки.

И тоа не е сè. Инспекторите ја добиле својата плата за декември 2024 година дури на 12 февруари оваа година, а за јануари и февруари 2025 година – платите сè уште не им се исплатени! Тоа значи дека тие немаат ниту здравствено осигурување, што е директен напад врз нивните основни работнички права. Замислете, тие што треба да ги штитат работниците власта ги остави незаштитени, без работа, без плата и без осигурување. Парадокси на новото нормално на ДПМНЕ. Ова се резултатите од избрзаните и непромислени измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, против кои СДСМ предупредуваше уште минатата година.
Иако два пати се носеа законски измени проблемот не е решен. Неспособната Власта доведе до хаос во администрацијата, што денеска го гледаме со сопствени очи. Бараме власта веднаш да го реши проблемот, сите инспектори да бидат повторно пријавени и да им се исплати платата. За овој хаос во Државниот инспекторат за труд, мора да има одговорност, нагласи Кузеска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски