(ВИДЕО) Кузеска: Има сериозни сомневања дека ВМРО-ДПМНЕ со црни пари финансира медиуми за да шират кампања против ЕУ и НАТО

Од:

„Факт е дека постојат сериозни сомневања објавени во словенечки медиуми, дека извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски со црни пари финансира партиски мегафони со цел да шират антидржавна медиумска кампања – кампања против членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Факт е дека постои истражување според коешто сума од два и пол милиони евра завршила во телевизија Алфа и во три интернет портали Курир, Лидер и Нетпрес, сите познати по ширењето лажни вести и манипулации.

Факт е дека тоа се истите медиуми коишто режимот на Груевски со години ги финансираше со државни пари за да го одржуваат на власт“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Факт е дека СЈО има отворена истрага под име „Пропаганда“ во којашто осомничените функционери на ВМРО ДПМНЕ користеле народни пари за поткуп на одредени медиуми и за уредување вести.

Факт е дека преку штанцање лажни вести целта е да се брани криминалот на режимот и да се работи против членството во НАТО.

Потсетуваме, според истражувањето, црните пари од Унгарија, медиумите на Мицкоски имаат задача да го поткопуваат Преспанскиот договор и антидржавно да делуваат во евроинтегративните процеси.

Од оваа прес конференција уште еднаш ги повикаме институциите да постапат по објавените информации за нелегални пари кои завршуваат во овие медиуми. Ние сме правна држава и законите мора да важат за сите подеднакво.

Како одговорна и демократска партија, СДСМ е посветен на унапредување на слободата на говорот и слободата на медиумите, но, истовремено и на борбата против лажните вести, како и сомнителното финансирање на медиуми“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Никој не е изоставен со пакетот економски мерки за справување со кризата со коронавирусот

Ана Ололовска

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ги земат парите на граѓаните од вториот пензиски фонд, а не сакаат да се откажат од државното финансирање

Ана Ололовска

СДСМ: Владините мерки обезбедуваат помош за 250.000 работници и 35.000 компании, се бориме за секое работно место

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Петров: Економските мерки на Владата значат помош за 250.000 работници и 35.000 компании

Ана Ололовска

СДСМ: Со економските мерки им се помага на работниците, ги спасуваме работните места, време е за солидарност

Ана Ололовска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се откажат од парите од Буџетот, сега е потребна одговорност, а не популизам и политикантство

Ана Ололовска