(ВИДЕО) Кузеска: Го следиме трагот на парите – Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е шаблон кој денеска го разоткриваме целосно. Зошто Томовски овие денови толку многу се труди да покаже дека нема никаква поврзаност со семејната фирма? Иако Витомир е негов татко, Кутановски негов роднина, внукот, зетот се негови, дури и неговиот број е пријавен како контакт во семејната фирма. Затоа е нервозата? Затоа што се фатени живи, рече Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

Како и во секоја антикорупциска борба, најважно е да се следат парите. АКТ на СДСМ го следеше трагот на парите и еве го одговорот: Томовски е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од оние кои најмногу сакаат да се истакнат со големи суми. Само во 2021 година донирал 8.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ. 499.700 денари, 100.000 денари, 70.000 денари, 100.000 денари, редовно Томовски уплаќа на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. И не само Томовски. И неговиот зет, Кутановски е донарот на ВМРО-ДПМНЕ исто така. Семејна фирма, семејни донации. Се е јасно. Вака парите завршуваат во белата палата. ДКСК и Јавното обвинителство да не молчат туку да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски. Крадењето на народот мора да престане, сите криминалци да одговараат.
АКТ на СДСМ продолжува да ги открива криминалите на власта на Мицкоски, вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Лажни вести, манипулации, извртување на вистината, политички прогон, напад на новинари, се е тоа исто, копи-пејст

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

Томовски фатен во лага – негов близок другар е управител на фирмата која добила милионски тендери, тврди Левица