(ВИДЕО) Кузеска: Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ се закана за јавното здравје, законските измени мора да се донесат

Од:

„Обидот на ВМРО-ДПМНЕ да го блокира носењето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, е уште една опструкција во низата откако е прогласена пандемија од Ковид 19.

Ова несериозно однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ е на штета на здравјето на граѓаните.

Во време кога се соочуваме со нов бран на коронавирусот, кога и кај нас, во регионот и во европските земји се полнат болниците, кога бројот на заразени секојдневно расте, ВМРО-ДПМНЕ повторно, како и секогаш одмага и прави се` за да ги одолговлекува мерките важни за справување со пандемијата“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Ова е смислен и тенденциозен обид за дневно политички поени, со што директно се загрозува јавното здравје и Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, повторно докажуваат дека последно за што се грижат е здравјето на граѓаните.

Својата деструктивна политика овојпат ја потврдуваат преку постојаното дискредитирање на Комисијата за заразни болести, потценувајќи ја експертизата на членовите и нивниот труд вложен во справувањето со кризата.

Барањето за формирање на нова Комисија е целосно неиздржано. Комисијата е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија.

Сите препораки и мерки, Комисијата ги прави врз издржани епидемиолошки анализи и единство во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните.

Тоа се исти или слични мерки коишто се применети и други европски мерки.

Нема време за одложување. Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и потребно е брзо делување, конструктивност и соработка.

За жал во оваа здравствена криза, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, препознаа само простор за евтини политички поени, дури и на штета на здравјето на граѓаните.

Во целиот период од прогласување на пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо, освен неконструктивно делување, опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот.

Ова не е време за печалење евтини политички поени, ниту за политички игри. Најмалку е време политичарите да се водат од личниот и партискиот интерес.

Сега повеќе од било кога е потребно разумно однесување и одговорност, затоа што јавното здравје е над се`, над партиските интереси.

Вирусот е тука, се шири и не чека, и токму затоа мерките мора да се донесат во најкус можен рок“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ му одговори на Црвенковски: Ставовите на премиерот се ставови на партијата

Катерина Павлова-Николовска

СДСМ: Предлог-Буџетот за 2021 година обезбедува средства за нови градинки, за нови работни места и продолжување на социјалната реформа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николов: Се решава проблемот со неисчистениот канален систем во Стар Караорман

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тасевска: Со Буџетот за 2021 продолжуваме со социјалната реформа и санирање на последиците од коронакризата

Ана Ололовска

СДСМ: Буџетот за 2021 година обезбедува посилна поддршка за здравството и можности за брзо закрепнување на економијата

Ана Ололовска

СДСМ: Мицкоски продолжува со црна кампања против здравствениот систем и се однесува опасно по јавното здравје

Ана Ололовска