(ВИДЕО) Кузеска: Цвета Ристовска да поднесе оставка од ДКСК

Од:

СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска. Основани се сомнежите за судир на интереси по скандалозната одлука поврзана со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата спорна диплома. Фактите кои ги објавија медиумите и се целосно достапни за јавноста се крајно загрижувачки. Тие ја разнишуваат довербата во ДКСК и ја компромитираат нејзината независност и објективност при одлучувањето. Алармантно е откритието дека членката на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и реферираше дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје – институцијата која ја издала спорната диплома, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

– Воопшто не е важно дали е платена за тоа или не. Со пријава до ДКСК оспорена е диплома од Универзитетот на кој Ристовска била професорка во време кога Христовски дипломирал во рок од една година. Ова претставува уште еден основ за директен судир на интереси, што е во спротивност со Етичкиот кодекс на ДКСК, каде што јасно е наведено дека членовите не смеат да одлучуваат за предмети каде постои судир на интереси (член 9). Не смее да има ниту најмал сомнеж за конфликт на интерес кај оние што треба да се борат против конфликт на интерес. Ристовска требало да биде изземена од овој случај. ДКСК треба да биде пример а не да остава впечаток дека штити било кого. Пиши-бриши постапките на Универзитетот за туризам и менаџмент дополнително ги подгреваат сомнежите дека намерата е нешто да се сокрие од јавноста. Ако се било чисто, зошто по објавувањето на информациите во медиумите за судир на интереси Ристовска беше избришана од составот на универзитетскиот кадар? За вчера повторно да биде вратена на интернетстраната на Универзитетот.

Оставка на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата, поради судир на интереси кој ја загрозува кредибилноста на ДКСК. Повлекување и преиспитување на одлуката за случајот со дипломата на директорот на АНБ. Расчистување на прашањето за евентуалните неправилности во анализата на Државниот просветен инспекторат. Институциите мора да работат во интерес на граѓаните и со највисок интегритет. Судирите на интереси, манипулациите и злоупотребите мора да бидат санкционирани. Затоа, бараме итни и конкретни мерки кои ќе ја вратат довербата на граѓаните – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Кој ќе ја поддржи Резолуцијата, нека знае што следува

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски