СДСМ како и досега ќе води позитивна кампања тоа ме го покажале и сме го докажале во низата циклуси на избори дека СДСМ секогаш водела позитивна кампања. Имаме одлични резултати кои што се постигнати во изминатите 4 години со реализирани над 7.000 проекти, тоа е фокусот да резлизираме секако проекти и фокусот на оваа кампања секако ќе биде интересот на граѓаните. Црнила, мракови, лажни вести, деструкција, блокади, кочници, злоба, етикетираање тоа е се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е партија која што воопшто не е реформирана и секако и во оваа кампања не може од нив да очекуваме ништо повеќе, одговори портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на новинарско прашање.
„Ние зборуваме за ширење на лажни вести, зборуваме за деструкции, зборуваме за блокади, зборуваме за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои што јавно се декларираат, зборуваат дека се антиваксери и кажуваат дека нема да примаат вакцина. Значи тоа не е обвинување, тоа е еден апел уште еднаш да се однесуваат конструктивно и да се вклучат навистина во позитивна кампања не само за локалните избори и не само за избори, туку да се вклулчат о сите процеси кои што сте добри и се од интерес на граѓаните и на државата, тогаш може да се најде заеднички јазик, секако. СДСМ како што кажав држи позитивна кампања како и секогаш, фокусот ни се реализираните проекти, фокус ни се проектите кои што ќе ги понудат кандидатите за градоначалници кои што наскоро ќе настапат и со своите програми и секако интересот на граѓаните“, додаде Кузеска.