(ВИДЕО) Кузеска: Cите без исклучок да ги почитуваме мерките за заштита на личното и јавното здравје

Од:

„Бројката на заболени од Ковид-19, во изминатите денови, за жал расте и кај нас и во целиот свет. Во борбата против коронавирусот сме сите заедно.

Сите треба да бидеме свесни и одговорни, за да ја добиеме оваа војна со невидливиот непријател.

Ислучително важно е дали денеска ќе ставите маска кога излегувате од дома и ќе се качите во автобусите на ЈСП и ќе му се спротивставите на коронавирусот.

Носењето маска надвор, во група со повеќе лица, на работа во просторија која ја делите со други колеги, го штити и вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, на вашите пријатели, колеги“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Не смееме да дозволиме здравствениот систем да не е во состојба да овозможи нега секому кому му е потребно, само затоа што капацитетите се искористени.

Почитувањето на мерките, носењето маска и држењето дистанца остануваат најдобри начини сите да помогнеме тоа да не се случи.

Владата предводена од СДСМ ги усвои препораките од Комисијата за заразни болести со цел поголема заштита на јавното здравје, на здравјето на секој еден граѓанин.

Мерките кои ќе стапат на сила по законските измени предвидуваат да се носи маска, марама или шал и на отворено, да нема групирање на повеќе од 4 лица на отворено после 22 часот и во домовите да биде дозволено присуство од четворица гости, покрај членовите на семејството.

Заедно, со почитување на сите мерки и препораки, со работење и спроведување активности согласно протоколите, ќе успееме и ќе придонесеме за зачувување на јавното здравје, на вашето и на здравјето на вашите најблиски.

Институциите и граѓаните само заедно како силни сојузници ќе успеат во борбата пеотив Ковид-19“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ