(ВИДЕО) Кузеска: Чулев работи на штета на граѓаните, стигна сметката од неказнувањето и неработењето на МВР

Од:

„Со своето неодговорно и несериозно однесување за време на кризата со коронавирусот, Наќе Чулев го загрози јавното здравје и денес сите ги чувствуваме последиците од таквиот неодговорен однос.

Наместо да се стави во функција на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, на Чулев поважно му беше да го одбрани својот шеф Мицкоски за случајот со теретаната.

Изјавата на Чулев дека граѓаните не треба да бидат казнувани заради непочитување на мерките и задолженијата придонесе за масовно непочитување на мерките од страна на граѓаните“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Полицијата предводена од Чулев не презеде ништо ни кога се прекршуваа забраните за собири, кога масовно се прекршуваа забраните за движење.

Покрај тоа и самиот Чулев организираше јавни собири без почитување на мерките, а на Денот на полицијата новинари и дипломати дури добија и чадна бомба во непосредна близина.

Денеска, за жал стигнува сметката за неказнувањето и неработата на Чулев, а таа се гледа преку бројот на заразени регистрирани денеска.

Ова е само уште еден доказ за несовесното и незрело однесување на Чулев и ВМРО-ДПМНЕ кои на овој начин дејствуваат против јавното здравје.

Чулев по налог на Мицкоски не само што не помага, туку и одмага во борбата против последиците од коронавирусот. На Чулев и ВМРО-ДПМНЕ им е важно само да ја злоупотребуваат полицијата како во времето на режимот, наместо таа да биде во функција на обезбедување на законите.

Затоа почитувани, потребни се избори и нова Влада и Собрание со полн легитимитет од граѓаните.

Изборите се решение за незрелото, неодговорно и несериозно однесување на Христијан Мицкоски и неговите кадри во техничката влада.

На државата и се потребни институции со полн капацитет кои ефикасно ќе се справат со последиците од актуелната пандемија, но и ќе бидат подготвени за новиот бран кој по сите најави се очекува наесен“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески