(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

Од:

После члетири години разочарувања, доаѓа крајот на работењето на Тони Коњановски за тебе-мене, за мала група луѓе, за ВМРО-ДПМНЕ! Битола ќе избере градоначалник што го става Човекот пред сѐ!, се наведува во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на кандидатот за градоначалник на Битола, Методија Куновски.

– Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност, лицемерие. Раскопани, небезбедни, калливи и нефункционални улици. Денес се асфалтира, утре се прекопува, пак се асфалтира и одново се прекопува. Четири години слушаме изговори наместо одговори кој го промашил кружниот тек кај Ветеринарната, улицата Бурса, улицата Стив Наумов и многу други. Никој за ништо не одговара!

За 4 години, Коњановски ја претвори Битола во град – загубар. Јавните претпријатија се во долг од над 3 милиони евра, а една нова лопата не е купена. Укинати се слободните 15 минути паркинг, а нови паркинг места нема. Најблиската катна гаража во Битола, е во Прилеп! Зголемена е цената на водата, а секој втор ден жителите на повисоките места во Битола немаат вода! Сите училишта вкупно должат скоро 50 милиони денари, a некои се затворени оти крововите им прокиснуваат. Без градинка остана Бистрица и околните села!

За четири години, Коњановски потроши над 150 милиони евра, а не изгради ниту еден од капиталените објекти што ги гарантираше! Го нема новиот спортски комплекс, новото училиште во Буковски ливади, петте кружни текови, Копанки, големата странска инвестиција и новите работни места во Жабени. Наместо тоа, битолчани добија, импровизиран кружен тек кај Стрелиште, сообраќаен хаос, депонии на местата на срушените гаражи! И она што СДСМ го изгради во минатите години, ВМРО-ДПМНЕ го уништи! Градот е без Сообраќаен центар за полагање возачки испити!

Коњановски немаше пари за поддршка на ранливи категории семејства, а заедно со тајфата потроши над 4.000.000 денари за јадење и пиење во битолските кафеани. Си купи и нови возила за 10.000.000 денари од фирма блиска на министерот за надворешни работи! Kоњановски за 4 години ја однесе Битола во слепа улица во која граѓаните се небезбедни и животно загрозени од бездомни кучиња! Градот е уназаден, унаказен и заглавен во долгови! За среќа, денешниот е последен отчет на градоначалникот во заминување, Тони Коњановски. После 4 години разочарувања, битолчани ќе изберат одговорна, транспарентна и отчетна локална власт! Битола заслужува градоначалник кој нема да работи за тебе, за мене, за себе, туку за сите!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива