(ВИДЕО) Кучук: Силна поддршка за ЛДП за враќање на државата на евроатлантскиот пат

Од:

„Зошто сме денес овде?

Затоа што Либерално-демократската партија е значајна за нашето либерално семејство, важна партија за регионот, за регионалната либерална организација ЛИБСЕН. ЛДП е важен партнер на АЛДЕ партијата и важен елемент за светскиот либерализам.

Овде сме за да изразиме поддршка и за да ја покажеме нашата солидарност за нашите пријатели, бидејќи тие заслужуваат подобра иднина. Но, нашата поддршка не е само за нив, туку за Македонија и за македонската демократија. Тоа мора да се истакне, бидејќи Македонија е важна земја и има важно место на Балканот. Регионот има само еден пат, а тоа е европскиот, проевропскиот и оној кон НАТО.

Навистина е задоволство кога гледам дека Горан Милевски и неговиот тим работат за подобра иднина на Македонија во Европската Унија, подобра иднина на Македонија во регионот и за тоа ја заслужуваат нашата поддршка. Затоа сме тука.

Дозволете ми, исто така би сакал со вас да споделам неколку мисли на бугарски јазик: “Почитувани претставници на медиумите, ние во Бугарија пред само неколку денови прејдовме во друг политички циклус. Избравме претседател на државата кој не е од владеачката партија. Сакам да Ви кажам дека тоа не е никаква драма. Обидот да се претстави како некава драма е безначаен. Луѓето ја донесоа таа промена. Не политичките партии, туку слободните бугарски граѓани излегоа и гласаа за таа промена. Рекоа дека не може да се раководи со државата на тој начин. Овој политички пресврт може да има влијание на Македонија. Бугарија и Македонија се пријателски држави, соседи, кои споделуваат многу заеднички нешта. Сакам еден ден и Македонија да биде дел од Европското семејство, да биде дел од НАТО, да биде дел од Европската Унија. Европа ќе биде навистина завршен проект кога сите земји од западниот Балкан ќе бидат целосен нејзин дел.

Но за да имаме една таква Македонија потребна е промена. Промената ќе дојде од македонските граѓани. Не живееме во земји, не живееме во Европа која се раководи под диктат. Живееме во Европа која се управува од слободните и демократските граѓани. Суверенот (народот) е тој кој одлучува, и јас сум уверен дека суверенот ќе направи правилен избор за неопходната промена и во Македонија за да може државата да се врати на евроатлантскиот пат“, изјави Илхан Кучук – потпретседател на Европската алијанса на либерали и демократи (АЛДЕ), пратеник во Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа