(ВИДЕО) Кржаловски: Непотизмот, тендерите и промената на името ги намалија гласовите за Пендаровски

Од:

Веројатно, ако не и сигурно, непотизмот во вработувањето, тендерите и останата политика која ја води владејачката партија и коалицијата изигра улога во намалување на гласовите. Се гледа голем пресврт по општините. СДСМ остана во водство во околу 23 општини додека пак во 40 општини Гордана Сиљановска Давкова е во предност. На ниво на општините веќе се случил пресврт. Причините еден дел се од перформансите на оваа влада на микро ниво во однос на вработувањето, но сепак има влијание и Преспанскиот договор, уставните промени и Законот за јазиците, вели за А1он Александар Кржаловски извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, во однос на вчерашниот прв круг од претседателските избори на кои кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски е во благо водство пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова.

Според Кржаловски, најнеочекувано во однос на вчерашните изборни резултати е малата излесност која е изненадувачка за двете партии. Како што вели тој, со нискиот одѕив граѓаните упатиле силна порака на разочараност до партиите и лекција која треба да ја научат.

– Прво треба да се констатира малата излезност, таа беше најнеочекувана и изненадувачка барем во однос на анкетите. 41.2 отсто колку што на крај испадна е многу мал одѕив и таа е првата лекција за партиите. Сите освоија многу помалку отколку што освојувале на претходните избори. Ќе слушаме оправданија од партиите дека овие беа само претседателски без парламентарни, меѓутоа ова е силна порака за разочараност кај граѓаните и тоа не само од влајдечаката партија, туку и од ВМРО-ДПМНЕ кој се уште е казнувана за претходните постапки, вели Кржаловски.

Во однос на малата излезеност, голема улога изигра и малата заинтересираност на албанските гласачи, конкретно гласачите на ДУИ во првиот изборен круг на овие претседателски избори. Според Кржаловски ова значи тивок бојкот на Албанците како оној што го направи ВМРО-ДПМНЕ во пресред на Референдумот. Како што вели, тој во вториот круг се очекува поголема мобилизација на Албанците од страна на ДУИ, особено во местата каде Река освои голем број на гласови.

-Мој впечаток е како што ВМРО-ДПМНЕ имаше тивок бојкот на Референдумот, сега изгледа дека ДУИ го направи тоа. Мала е излезеноста во средините каде има етнички Албанци и веројатно тоа беше тактика за Блерим Река да добие што помалку гласови наспроти потребата Пендаровски да добие повеќе гласови од Сиљановска. Ми личи тека тоа била тактиката на ДУИ. Во вториот круг очекувам далеку поголема мобилизација на ДУИ особено во оние средини каде што Река ги доби овие гласови со цел да демонстритраат дека се уште се најсилни кај етничките Албанци, вели Кржаловски.

Кандидатот за претседател Блерим Река, поддржан од Алијансата за Албанците и Движењето Беса освои речиси 80 илјади гласови. Двата најголеми табори, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по изнесување на резултатите од вчерашните избори, овие гласови си ги препишаа на себе односно на конто на нивните кандидати, Пендаровски и Сиљановска. Според политичкиот аналитичар Кржаловски најголем дел од гласачите на Река нема да излезат во вториот круг на гласање, додека пак останатите ќе гласаат за Пендаровски.

-Двајцата кандидати си ги препишаа гласовите на Река на свое конто, сепак Заев и Села кажаа дека ги немаат гласовите во џеб и не можат да ги префрлат. Најголем дел нема да излезат во вториот круг, евенуално може да излезат оние кои се симпатизери на ДУИ, а гласале за Река, во вториот круг да гласаат за Пендаровски. Но најверојатно нема многу такви односно голем дел од симпатизерите на ДУИ не излегле на гласање овој пат, вели Кржаловски.

По малиот одѕив од 41 отсто во првиот круг, се става во прашање цензусот за вториот круг на гласање особено по големиот број на неважечки ливчиња. Според Кржаловски, повеќе од 30 илјади граѓани кои имаат неважечки ливчиња се оние кои сакале да ја исполнат граѓанската обврска, но сепак ниту една од опциите не била прифатлива за нив. Сепак, тој смета дека ќе биде постигнат цензусот од 40 отсто во вториот круг токму поради големата компетенција која е создадена помеѓу двајцата кандидати по блискиот резултат од првиот круг.

-Очекував повеќе неважечки ливчиња, имало случаи со 30-40 илјади неважечки споредбено со други избори претходно на кои имало поголем одѕив. Со волку мал одѕив ова е сериозен број на неважечки ливчиња и најверојатно станува збор на група луѓе кои сакаат да ја исполнат граѓанската обврска, но ниту една од опциите не им е прифатлива. Ќе биде многу интересно да се предвиди било што бидејќи самата природа на малата разлика ќе направи поголема компетенција во вториот круг и тоа ќе биде аргумент да се постигне цензусот. Доколку разликата беше голема ќе бев сигурен дека немаше да се достигне цензус во вториот круг, бидејќи еден ќе се откажеше. Оваа мала разлика многу граѓани ќе мотивира да излезат да гласаат, вели Кржаловски.

Извршниот директор на МЦМС смета дека фаворит за вториот круг останува Пендаровски, но сепак ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска имаат две недели, доволно време да ги убедат етничките Албанци да гласаат за Сиљановска.

-Мислам дека е сепак фаворит Пендаровски особено што најголем дел од етничките Албанци кои не излегоа во првиот круг повеќе се склони да гласаат за Пендаровски отколку за Сиљановска, но сепак има 2 недели, доста простор. ВМРО-ДПМНЕ има помалку од 1 отсто шанса кај Албанците, но имаат 2 недели да ги убедат и да го придобијат нивното мислење. Има реална шанса за конкурентска борба и ќе биде неизвесно во вториот круг, вели Кржаловски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите