(ВИДЕО) Кржалоски: Младите се најголемата жртва на лагите на СДСМ

Од:

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски денеска на прес-конференција изјави дека СДСМ ги лажеше младите и оти тие живеат полошо од пред една година.

– Зоран Заев, Рената Дескоска и Стефан Богоев, ветуваа дека на младите четири месеци по завршување на нивното образование државата ќе им гарантира вработување, пракса, или дообучување, а доколку сакаат да го продолжат своето образование истата во тоа ќе му помогне. Ветија и излажаа. Ништо од тоа не е случај денес. Овој проект, кој го нарекоа младинска гаранција е најголемата лага на СДСМ. Тие се обврзаа со својата програма дека истиот ќе биде реализиран во првите шест месеци по преземање на власта, поминаа 11 месеци, ова ветување не само што не е реализирано, туку и очигледно нема никогаш да се реализира. Младите се најголемата жртва на лагите на СДСМ. Ветуваа брда и долини, голем број мерки и проекти само за да го добијат нивниот глас. Веќе 11 месеци се на власт, а за младите немаат направено ништо, рече Кржалоски.

Тој додаде дека нема вработување за младите, нема пракса, нема дообуки, како ни помош за нивното образование.

– Ветувањата за подобри услови за студирање се заменети со вработување по партиски клуч и непотизам. Младите се оставени на маргините на општеството и никој не го слуша нивниот глас. Нивните потреби се занемарени, со стапувањето на Заев, Дескоска и Богоев на функција. Ги убедуваа и лажеа младите се со цел да ги добијат нивните гласови. Младите гледаат дека се изманипулирани. Оваа влада 11 месеци нема ништо направено за младите. СДСМ не може, не знае и нема капацитет да направи нешто позитивно за младите. Оваа власт, која е глува на младинските барања, мора да си замине. Младите заслужуваат подобро. Младите заслужуваат подобро, рече Кржалоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите