(ВИДЕО) Крмов: Пропадна и вториот обид на Левица за надзорна расправа за трагедијата во Кочани – власта гласаше против

Од:

Втората иницијатива на партијата, односно пратеничката група на Левица за свикување надзорна расправа по однос на трагичниот настан во Кочани повторно беше одбиена од страна на владејачкото мнозинство. На денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, претседателот на Комисијата, Димитар Апасиев, предложи дополнување на дневниот ред со точка за одржување на надзорна расправа, но предлогот беше одбиен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ.

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, изрази разочараност од повторното блокирање на иницијативата, потенцирајќи дека уште на 3 април пратениците од Левица поднеле официјално барање за надзорна расправа, кое сè уште не е влезено во процедура поради недоволниот број на пратеници-потписници.

„Со шест пратеници немаме доволен број за да поднесеме надзорна расправа. Ни требаат уште минимум девет потписи, но ниту една друга пратеничка група во Собранието не се одважи да се приклучи“ – изјави Крмов.

Тој истакна дека борбата за институционално расветлување на трагедијата не е завршена и најави дека Левица ќе продолжи да инсистира оваа точка да се најде на дневен ред на следна специјална седница на Комисијата. Тој посочи дека претседателот Апасиев повторно ќе ја предложи иницијативата, по што ќе се види дали владејачкото мнозинство ќе остане на истата позиција.

Би можело да ве интересира

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он

Левица: Енергетска криза без план – доцнењето со мерките ги чини граѓаните милиони

Горан Наумовски

Левица: Од калкулации до амнезија, Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски