(ВИДЕО) Ковачки: Зарко Милошевски е унапреден и награден од Ковачевски и Зечевиќ во директор на АНБ

Од:

Зарко Милошевски, е истурен играч на Виктор Димовски и Миле Зечевиќ. Милошевски е вработен во службата во време на СДС, а унапредуван во време на Зечевиќ. На местото директор на АНБ доаѓа од позицијата Помошник директор за безбедносни проверки. Тој е на висока позиција во АНБ веќе 7 години. 7 години Милошевски е вмешан во голем број случаи за издавање Македонски државјанства. Таков е и случајот Онишченко. Документот – позитивната оценка од АНБ за давање на Македонско државјанство на рускиот олигарх и шпион Александар Онишченко кој е објавен на социјалните медиуми е доказ за нашите тврдења дека сегашниот директор на АНБ Зарко Милошевски е една од причините поради која истиот добил Македонско државјанство, изјави денес на прес конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Од документот објавен на социјалните медиуми се гледа дека: Агенцијата за национална безбедност во допис од 03.03.2022 година го известува Секторот за Управни и надзорни работи при МВР дека за лицето Александар Онишченко не постојат пречки од безбедносен карактер кои би спречиле издавање на Македонско државјанство.

Позитивното мислење од АНБ е одговор на Барање за проверка од МВР од 26.04.2021 година. На кое АНБ одговара скоро цела година подоцна односно на 03.03.2022 година. Потенцирам, барањето мислење до АНБ е доставено додека премиер на владата е Зоран Заев, а е дадено во време кога со владата управува Ковачевски. И тоа истата е дадена за 3 месеци откако доаѓа Ковачевски на чело на владата, иако претходно со Заев МВР чекало за проверката повеќе од 9 месеци.

Зошто откако Ковачевски доаѓа за премиер случајот Онишченко во АНБ се решава за неполни 3 месеци и зошто документот е потпишан од Зарко Милошевски? Имено од документот со кој се дава позитивна оценка од АНБ за прием во државјанство на Онишченко јасно се гледа дека истиот во крајна инстанца е одобрен од страна на сегашниот директор на Агенцијата, Зарко Милошевски.

Зарко Милошевски го одобрил документот и ги верифицирал и легитимирал проверките, кои сега гледаме дека не биле направени, а Виктор Димовски како тогашен директор само се потпишал на веќе изготвениот документ. Зарко Милошевски е директно одговорен за безбедносниот пропуст направен од АНБ за случајот Онишченко, и во ниту еден случај не смеел да биде поставен за директор на Агенцијата, особено не додека случајот се уште не е расчистен.

Ковачевски повторно излезе цвикатор и не дозволи завршување на работата на собраниската комисија, туку брзаше да назначи нов директор и видете апсурд – сега треба да ја продолжи истрагата и би требало да се истражува самиот себе додека бил помошник директор?Поставен ли е Зарко Милошевски на таа позиција бидејќи 7 години го печел занаетот како одговорно лице за безбедносни проверки во АНБ, и како таков е човек кој е поврзан со давање на најголемиот број на Македонски државјанства на странци врз основа на постоење на особен економски интерес? – праша Ковачки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: Бесрамниот Пендаровски да и се извини на Силјановска Давкова

Ковачки до Пендаровски: Не ја злоупотребувај Армијата во твоите скапо платени спотови

(ВИДЕО) Ковачки: Со Платформата 1198 предвидуваме целосна реконструкција на патиштата до Делчево и изградба на експресен пат од Кочани

Ковачки: Македонија заслужува да биде горда, три милијарди евра за капитални инвестиции

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и ДУИ седум години ги пљачкаат и понижуваат граѓаните, време е државата да ја вратиме кај народот

(ВИДЕО) Ковачки: Додека на СДС и ДУИ устите им беа полни со ЕУ и НАТО ги полнеа џебовите со украдени пари од својот народ