(ВИДЕО) Ковачки вели дека Петровска е нестабилна и опседната, таа му одговори дека тој е виновен за нејзината состојба

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки го праша премиерот Ковачевски дали ќе ја смени министерката за одбрана Славјанка Петровска откако прочита извештај од психијатриско вештачење за министерката според кој таа мисловно и емоционално не се чувствувала добро.

– Конкретно на министерката за одбрана согласно извештајот од психијатарот, цитирам: и се тресат рацете, не може да задржи мисла, има намалено внимание и концентрација, проблеми во мислењето, збунета е и конфузна. Има намалена волја, непријатни мисли и мора да вложува дополнителни напори да ги извршува истите работи што претходно ги извршувала, изјави тој.

Ковачки потенцираше дека според извештајот министерката чувствува бесцелност на нејзината активност и залагања и вели три месеци има повторувачки слики, опседната е, постојано е напната, често има немир, често има нарушен сон и инхибиција.

– Според специјалистот-психијатар, во психичкиот статус на Министерот која сама доброволно се јавила и доброволно ги вршела психијатриските прегледи се констатира дека има оптеретен мисловен процес. Покрај оваа состојба на намалени когнитивни функции, на министерката и е препишана и седативна терапија, односно три месеци е под седативи, изјави Ковачки.

Тој истакна дека според законот за класифицирани информации односно уредбата член 4 точка 13, не може да му се издаде безбедносен сертификат на лице кое страда од ментална или емоционална, па го праша премиерот Димитар Ковачевски дали мисли дека има потреба за итно разрешување на министерката Петровска.

Наместо премиерот, на собраниската говорница се појави министерката која му го одговори прашањето и му рече дека ќе добие тужби за клевета.

– Ковачки да се се увери дека сум здрава и стабилна за да одговарам на сите лаги. Тоа вештачење што го откривате се однесува на моето однесување по изнесувањето на вашата лага од пред неколку месеци. Во тоа вештачење пишува и што го предизвикало тоа однесување. За сите ваши лаги ќе се видиме на суд. Ќе се видиме на суд и за лагата дека припадници на военото разузнавање биле уапсени во Косово. Ова е офоцијален допис од косовските служби кои тврдат дека таков настан немало. Ако имате сомнеж за моите одлуки дали се согласно законот или не, има инструмент кој се вика интерпелација, не мора да го прашувате премиерот за моето разрешување – му врати Петровска на Ковачки.

Би можело да ве интересира

Собранието ќе избира заменици министри

Петровска: Мицкоски ја крие вистината, ДПМНЕ го штити со лаги

ВМРО-ДПМНЕ повторно го актуелизира случајот „хациендата на Петровска“: Си пукате во нога одговори екс министерката

Петровска: Дали за помошник министер во МВР е поставено лице со кривична пријава за измама?

Петровска: Во МВР поделени повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници

Марина Димовска избрана за нова генерална секретарка на Собранието