(ВИДЕО) Ковачки: СДСМ да каже дали знаеле и дали учествувале во средбите на Џафери со лица кои се ризик за безбедноста

Од:

„Талат Џафери со своето поведение е опасност за националната безбедност. Постојат сомнежи дека се среќавал со луѓе кои се потенцијален ризик за нашите стратешки партнери“, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Талат Џафери, но и власта на СДСМ и ДУИ се должни на македонската јавност да и објаснат:

1. Зошто криеше дека при средбата со делегација имало безбедносно-интересни лица и кога планираше да ја запознае јавноста за овој факт?

2. Што договарал со делегацијата во која бил и поранешниот пратеник на Думата Абдул-Вајед Нијазов, во случајов претставник на Чеченската делегација?

3. Дали пред средбата со безбедносно-интересни лица е направена проценка од страна на надлежните безбедносни служби и доколку е направена, зошто е дозволена таква средба?

4. Дали Талат Џафери после средбата ги известил надлежните безбедносни служби за текот и содржината на разговорите?

5. Од кого потекнала, односно кој ја дал идејата за изградба на споменик во Тетово на Ахмат Кадиров, односно на таткото на Рамзан Кадиров – лидерот на Чеченците кој се бори во Украина?

Патем и СДСМ треба да престанат да молчат и да се произнесат за овој скандал со средбата на Џафери.

СДСМ треба да одговорат дали имало и нивни претставници во делегацијата предводена од Талат Џафери која ги примила овие лица во Собранието?

Дали Ковачевски како член на владата во тој период знаел за ваквите посети и дали и тој се среќавал со нив?

Јавноста треба да го знае мислењето на Ковачевски за ова поведение на Џафери и неговите средби.

Талат Џафери во многу наврати се докажа како недостоен за извршување на функцијата Претседател на Собранието на Република Македонија и досега требаше да си поднесе оставка.

Џафери мора да каже, дали средбата е иницирана од него, или некој му ги наметнал луѓето, и во двата случаи треба да има одговорност за институциите кои истата ја допуштиле. Власта должи одговори“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ