(ВИДЕО) Ковачки: Ковачевски доброволно да дозволи неговата деловна способност да биде утврдена од страна на надлежен суд

Од:

„Најпрвин лажеше дека не бил во војска затоа што бил на школување. Откако беше фатен во лага и во јавноста излезе документ од кој јасно се гледа дека премиерот бил трајно неспособен за воен рок и за одбрана на својата земја во 2001 година, истиот 11 дена бегаше и не даваше одговори“, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Конечно, истиот пред 2 дена се охрабри и на говорница јавно призна дека тим од лекари во 2000 година утврдиле дека бил трајно неспособен за одбрана на државата во 2001 година.

Од причини што трајната неспособност законски е дефинирана според следното: “доколку наодите и функциите на органските системи на органите и сетилата за подолго време НЕ Задоволуваат, а се оценети со оценка 1, како и во случаите кога е предложена оцена “ограничен за воена служба” по повеќе основи истовремено, и тоа поради намалени функции на сетилата за вид и слух, и душевна запоставеност на граница на нормалното”, а имајќи во предвид дека оваа состојба е трајна и истата може само да прогресира и не може да биде отстранета, како и фактот дека премиерот Ковачевски јавно од говорница изјави дека секогаш бил чесен кон граѓаните, го повикуваме да ја покаже таа чесност и да доброволно дозволи неговата ДЕЛОВНА способност да биде утврдена од страна на надлежниот суд.

Трајно неспособен премиеру Ковачевски, имате можност на народот да му ја покажете вашата чесност и да јавниот интерес го ставите над личните слабости.

Барем еднаш бидете одговорен и не дозволувајте вашата трајна неспособност да влијае на одлуките и процесите во државата.

Трајно неспособен и лажлив премиеру, бидејќи потврдивте дека од лекари имате утврдена трајна неспособност, охрабрете се и лично побарајте утврдување на вашата деловна способност и запознајте ја јавноста со резултатот од истата.

Ние како партија ќе ви оставиме краток, но разумен временски рок да истото го направите и за истото да ја запознаете македонската јавност“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ