(ВИДЕО) Ковачевски: Земјата е безбедна, за економските предизвици сме целосно подготвени

Од:

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска, преку официјалните владини канали на „Јутуб“ и „Фејсбук“ имаше обраќање до јавноста.

Во обраќањето се осврна на стабилноста и безбедноста на државата, економските импликации од продлабочувањето на кризата, како и на активностите и мерките кои Владата ги презема со цел да ги ублажи и амортизира негативните последици од кризата.

„Сведоци сме на немили настани кои сметавме дека се далеку зад нас, и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат на нашето европско тло. Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. Уште еднаш сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. 21-иот век треба да е век на дијалог, не на војни“, рече Ковачевски.

„Во овие турбулентни времиња, сакам да ве уверам дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и дека во овој момент не постои никаква директна закана за безбедноста на Северна Македонија. Владата внимателно ќе ја следи состојбата во Украина и редовно и ќе ги информира граѓаните“, додаде премиерот.

Би можело да ве интересира

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ