(ВИДЕО) Ковачевски влезе во трката за лидер на СДСМ: Нема да коментирам за другите кандидати

Од:

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма со која се базира на економските политики, зголемување на стандардот кај граѓани, како и систем во кој само лица со одговорност ќе добијат унапредување. Прашан за кандидатурата на Фросина Ременски, тој не сакаше да коментира и рече дека тоа е потврда за демократските капацитети на СДСМ.

„Мојот интегритет и работење ќе го потврдам преку работењето, политиките и одлуките доколку бидам избран за претседател на СДСМ“, рече Ковачевски на прашањето дали Зоран Заев ќе влијае врз носењето на неговите одлуки доколку победи на партиските избори.

Тој повика и побара поддршка од членовите, но и граѓаните.

„Согласно роковите ја поднесов програмата, согласно визијата и програмата. ‘Заедно, одговорно и посветено’. Програмата се базира на три столба, социјалдемократска визија, социјалдемократски вредности од кои извираат принципите и резултатите, економски раст односно посветеност кон економските политики и зголемување на стандардот кај граѓаните и трето е фер шанса и јасен систем со одговорности каде најдобрите ја добиваат одговорноста за унапредување на системот. Партијата работа и на унапредување на партиската демократија и организација. Ги повикувам членовите на партиите, но и граѓаните да ја прочитаат програмата, за да видат и за активностите кои ќе бидат преземени. Се со цел СДСМ на следните избори за издвои победа на следните парламентарни и претседателски избори“, посочи Ковачевски.

Прашан за мислење околу кандидатурата на Фросина Ременски, тој рече: „ Toa го потврдува демократскиот капацитет на СДСМ. Секој што ги исполнува критериумите, може да се кандидира. Јас нема да коментирам за другите кандидати, со кои сме другари и другарки. Ќе се посветам на промоција на мојата програма“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски