(ВИДЕО) Ковачевски: Владата напорно работи оваа зима никој да не остане сам да се справува со кризата

Од:

Приоритет е како граѓаните ќе ја поминат претстојната зима, нема да треба никој да бира помеѓу струја и храна. Затоа Владата напорно работи оваа зима никој да не остане сам да се справува со кризата, порача премиерот Димитар Ковачевски денеска од Делчево.

Тој се осврна и на владината седница, на која се донесени одлуки со кои е обезбедена поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи.

– Со оваа одлука цените на основните прехранбени производи, лебот, брашното, млекото и млечните производи, маслото за јадење, месото и живината, пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија ќе се стабилизираат. Веќе беше јавно соопштено од производителите на основни производи дека со ваква одлука цените би требало да се намалат за најмалку 10 проценти, рече премиерот.

Во оваа тешка криза, нагласи Ковачевски, Владата им помага и на основните и на средните јавни училишта, за кои насекаде низ државата е обезбедена поевтина електрична енергија по цена од 95 евра по мегават/час.

– Можност за снабдување со електрична енергија од ЕСМ по цена од 95 евра мегават час, обезбедуваме и за јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води. За да се спречат злоупотреби и манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, донесовме одлука со која на сите општини и на Градот Скопје им се забранува да основаат ЈП, ДОО или АД за вршење дејност од јавен интерес-јавно осветлување. Владата навистина се грижи да обезбеди животен стандард и ликвидност на компаниите и заедно да ја пребродиме оваа криза – истакна Ковачевски.

Тој наведе дека за најранливите 42.000 граѓани, за над 330.000 пензионери, е обезбедена државна помош меѓу 3.000 и 6.000 денари, преку мерки за обезбедување на ликвидноста на стопанството, субвенционирање на струјата со 80 проценти за над 600.000 домаќинства и над 72.000 мали потрошувачи фирми кои ги вработуваат најголем дел од вработените во државата, па се до мерките за прехранбената индустрија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он