(ВИДЕО) Ковачевски: Сите основачи на бугарски клубови се членови на ВМРО-ДПМНЕ и сестринската ВМРО БНД

Од:

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа во собраниската расправа, порача дека Владата, државата, се грижи за секој припадник на дијаспората, за Македонците без разлика на тоа каде живеат, додавајќи дека единствено ВМРО-ДПМНЕ е таа која се обидува да ги наруши добрососедските односи.

„Во однос на прашањата со дијаспората, сакам овде многу јасно да кажам, Македонци има и во Америка, Канада, Германија и во Швајцарија, Австралија, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и во Косово и секаде се тоа Македонци кои што зборуваат македонски јазик на кој што сме ние исклучително горди. Земете ги само од пред две недели снимките од МНР каква се помош беше однесена во Албанија за нашите Македонци кои живеат таму, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ потенцираше дека добрососедските односи ги руши единствено ВМРО-ДПМНЕ.

„Добрососедските односи ги руши единствено ВМРО-ДПМНЕ. Сите оние основачи и растурачи на бугарски клубови се членови на ВМРО-ДПМНЕ, на вашата сестринска партија ВМРО БНД на кои заеднички именител ви е заедничкиот претседател Ванчо Михајлов, порача Ковачевски обракајќи се кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он