(ВИДЕО) Ковачевски: Штип и целиот македонски исток вечерва праќа порака, напредокот на земјата мора да продолжи

Од:

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва заедно со раководството на партијата и членови симпатизери на СДСМ, го отворија Штабот на СДСМ во Штип. Во обраќањето пред присутните членови, граѓани и симпатизери на СДСМ, претседателот на партијата Ковачевски истакна дека граѓаните ја препознаваат европската политика на просперитет и затоа голема е и поддршката за партијата.

„Тоа што сте вечерва тука во вака голем број е порака од Штип и целиот македонски исток дека напредокот на земјата мора да продолжи, нема враќање назад, нема застанување. СДСМ е подготвен и одиме на двојна победа на претседателските и парламентарните избори. СДСМ никогаш не се водела од партиските или лични интереси, ние се залагаме и носиме одлуки за општо добро на нашите граѓани, да им обезбедиме квалитетен живот на сите генерации, да обезбедиме економски просперитет на државата“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Кога во белата палата купувале вазни од по 10.000 евра, социјалната помош била 3.000 денари, а ние ја зголемивме скоро за 4 пати и сега е околу 200 евра, е толку на ВМРО ДПМНЕ им се важни граѓаните“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва од Штип.

СДСМ никогаш не се водела од партиските или лични интереси, рече Ковачевски, одлуките кои се носат се за општо добро на граѓаните, за поквалитетен живот на сите генерации и за економски просперитет на државата, истакна претседателот на партијата.

„СДСМ работи за граѓаните, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кои не престанаа да работат за лични интереси, за луксузирање на тесното партиско раководство, за нивните лични фрустрации. Нивната ненаситност во трошење на буџетски пари се кршеше на грбот на граѓаните, сведоштво е Белата Палата, каде само главните актери се сменија, Груевски избега, дојде Мицкоски, но се друго остана исто“ рече Ковачевски на отворањето на партискиот промотивен штаб во Штип.

Со концептот на СДСМ, граѓаните ќе имаат повисоки плати и пензии, повеќе инвестиции, подобро платени работни места, повеќе пари назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, вечерва во Штип.

„Ветивме дека просечната плата ќе биде 500 евра, до 2024, тоа ветување го надминавме, денес просечната плата изнесува 650 евра. Тоа е за речиси 300 евра повеќе од време на ВМРО ДПМНЕ, кога просечната плата. Во време на СДСМ минималната плата со последното усогласување ќе биде над 22.500 денари. Во време на ДПМНЕ изнесуваше 8.000 денари. Ние ја одбравме страната на работниците, и создадовме системско решение на овој предизвик, еднаш за секогаш“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Се надевавме на подобар резултат, јасно е дека луѓето не казнија, но нема да ги наведнеме главите

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски: Изборот е меѓу надеж и безнадежност, помеѓу европска иднина и изолација

Орце Костов

Ковачевски: Уставните измени може да ги гласаме денес, утре, задутре,…,како ќе кажат – така

Ковачевски: Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски!

Горан Наумовски