(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ е кола којашто вози до Вашингтон и Брисел

Од:

СДСМ е кола којашто вози во Вашингтон и Брисел. Од друга страна кај ДПМНЕ што имате? Имате кола направена од стиропор која што никој не би ја купил, рече денеска во одговор на новинарско прашање премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

-Ако погледнете во годините наназад ние ветивме интеграција на државата во НАТО, испорачавме. Споредете го тоа со една кола која што ја гледате. Тоа е кола која што ве вози во Вашингтон каде што се депонирани потписите за членството во НАТО. Тоа е кола која што обезбеди почнување на преговорите со ЕУ, ве води во Брисел. Тоа е кола која што овозможи над 600 евра просечна плата во државата. Која овозможи 50% зголемување на минималната пензија. 50% зголемување на просечната пензија, намалување на невработеноста од 24% на 13% и дополнително 2% во текот на идната година. Највисоки капитални инвестиции во историјата на државата. Ние за 2 години 2022 и 2023 ќе имаме една милијарда капитални инвестиции реализирани. Тоа е кола која што го реализира Коридорот 8 и впрочем тоа е кола која што вреди да се има. Од друга страна што имате, имате кола направена од стиропор која што никој не би ја купил, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он