(ВИДЕО) Ковачевски: Поголеми плати, пензии, инвестиции, СДСМ има подобар резултат од ДПМНЕ на секое поле

Од:

СДСМ има подобар резултат од ДПМНЕ на секое поле, пред се во економијата, платите, пензиите, инвестициите, тоа се факти, рече претседателот Димитар Ковачевски на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ во центарот на Скопје.

-Просечната плата во време на ДПМНЕ изнесуваше 360 евра. Просечна плата денеска, во време на СДСМ изнесува 630 евра. Дури за 270 евра повеќе. СДСМ ја зголеми минималната плата за 120%. Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година. Среде глобална економска криза, овозможивме раст на платите, пензиите и животниот стандард. Поддршка на државата кон домашните компании во 2017 година во времето на ДПМНЕ беше 0 денари. А СДСМ обезбеди рекордна поддршка за домашните компании, од 100 милиони евра за поддржа на 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси. Невработеност во време на ДПМНЕ изнесуваше 25%. СДСМ успеа да ја преполови и денеска невработеноста изнесува под 13%, рече Ковачевски.

Во времето на ДПМНЕ немаше ниту една мерка за поврат на парите кај граѓаните, нула денари, а СДСМ за само 3 години врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со неколку антикризни пакет мерки, потенцираше претседателот Ковачевски.

-Со антикризните мерки успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите и со тоа да ги заштитиме работните места. Прво со 760 милиони евра и сега последно со 662 милиони евра помогнавме на учениците, студентите, младите, пензионерите, ранливи граѓани, самохрани родители, домаќинства со ниски приходи, земјоделците, компаниите. Успешно се справивме со енергетската криза и никој не беше оставен сам. Ги стабилизиравме и ги намаливме цените на производите, на горивата, струјата ја субвенциониравме и до 90% за над 660 илјади наши сограѓани, рече Ковачевски.

Без антикризните мерки, многу граѓани ќе се соочеа со сиромаштија и сериозни економски проблеми. Тоа не го дозволивме. Гледаме низ Европа многу посилни економии се соочуваат со поголеми проблеми, додаде тој.

-Додека опозицијата ги кочеше антикризните мерки и оневозможуваше помош за граѓаните и бизнисите ние работевме и успеавме заедно со пратениците и со министрите во Владата. Без мерките на владата, сметките за струја ќе беа многу повисоки и ќе го загрозеа животниот стандард. Затоа ќе продолжиме и понатаму со нови мерки и политики, со директна финансиска поддршка и помош за граѓаните и зголемување на стандардот, рече вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Ковачевски: Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите