ВИДЕО: Ковачевски одбегна одговор дали прифаќа некој од условите на Мицкоски

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски за трите предлози на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ги отфрла, но посочи дека не е загрозен идентитетот и јазикот.

„Во однос на тезите кои беа поставени, тие не задираат во третманот на македонскиот јазик ниту идентитетот. Тоа е мултилатерален документ кој е усогласен. Во однос на уставните измени, сите парии имаа свои изјави во изминатиот период, други ги менуваат. Нашиот Устав предвидува дека граѓани кои се самоопределуваат на друг начин, можат да се дел од Уставот. Сметам дека сите пратеници треба да го прифатат менувањето на Уставот”, кажа Ковачевски.

Дел од коалиционите партнери имаат позитивно мислење, а дел размислуваат, кажа Ковачевски за францусккпт предлог.

„Јас сметам дека сите политички партии сериозно пристапуваат кон ова прашање и дека ќе донесат вистинска одлука. Тоа е одгобороност”, кажа Ковачевски на прашања

Според него, Владата се држи до државните интереси, се штител идентитетот и не е направено ништо без да се почитуваат црвените линии.

„Сите сме свесни за чуствителоста за ова прашање. Лесно е да отфрлиме. Но потребно е рационално размислување со ладна глава. Од ова прашање не смееме да правиме дневна политика. Ова е стратешко прашање”, посочи Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

A1on

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

A1on