(ВИДЕО) Ковачевски: Нов дефект во РЕК Битола, нови пари за поправка, поскапа струја

Од:

Нов финансиски трошок ќе падне врз нас граѓаните: за поправка на новиот голем дефект во РЕК Битола, како и за скапата струја што ќе мора да се увезува поради дефектот, рече Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ Битола.

На почеток на грејната сезона откажа повторно еден од трите блока на РЕК Битола.

Блок 1 е исклучен веќе трета недела, скршен е дел од турбина.

Ова се случува и покрај потрошените околу 60 милиони евра пари на граѓаните за техничко дооопремување на блоковите во РЕК Битола.

Претходните технички проблеми се случија во гарантниот период. Овој дефект ќе треба да го платиме ние граѓаните.

Проценките се дека поправката ќе чини околу 50 илјади евра.

Но тоа не е единствениот проблем.

Запирањето на работата на Блок 1 ќе значи помало производство на домашна струја.

Ќе мора да се увезува струја! Затоа што процесот на враќање на Блок 1 во функција може да трае неколку месеци. Бидејки изведувачот на претходниот зафат, според информациите што ги имаме, барал посебно испитување на оштетените делови, лопатки на турбина, а за тоа немало склучен рамковен договор. Тоа би значело допрва распишување оглас за набавка на потребните делови.

СДСМ подолг период предупредува дека состојбите во најголемиот електроенергетски комбинат, РЕК Битола се алармантни.

Бидејки од 15 октомври почна грејната сезона, а во зимскиот период потрошувачката на струја е поголема, бараме власта да излезе и да каже:

-Колкави ќе бидат вкупните трошоци врз нас граѓаните по најновиот дефект во РЕК Битола?

-И кој и колку ќе заработи од увозот на струја од ваквата ситуација со термоцентралата во Битола?

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ