(ВИДЕО) Ковачевски: Непотизмот цвета во Битола

Од:

Опозицијата не го подржа ребалансот на буџетот на општина Битола. За нив буџетот е неразвоен и не придинесува за квалитетно и подобро живеење на граѓаните на општина Битола.

Укажа дека нетранспарентните трошоци надминуваат 100% од планираните. Одговорноста за недомаќинското трошење на парите од граѓаните, рече е кај ВМРО-ДПМНЕ.

Голем број на проекти планирани и започнати во изборната кампања, маркетиншки, помпезно најавувани и рекламирани, не се завршени до денес.

Наместо за квалитетна вода, парите, рече се трошат за репрезентација и гоштевања, и во 21 век продолжува голготата и на 10.000 грагани кои пијат нездрава вода.

„Наместо Владата да гради споменици во центарот на Скопје, Панорамско тркало, врби во реката Вардар, можеле да си ги подмират сметките за учениците за кои имаат законска обврска, а не да бараат истите да бидат покривани од општински пари. Непотизмот цвета и се вработуваат само најблиските, се делат тендери со високи износи на фирми блиски до власта и до „фамилијата“.

– Што се однесува до ветените проекти пред изборите за кои јавно проговори Талески, јас гледав низ ставките на овој ребаланс, и никаде не видов ставка со одвоени средства за изградба на стадион во Битола. Е затоа почитувани присутни, граѓаните а посебно навивачите на ФК Пелистер со право го искажуваат својот револт кон Талески и ДПМНЕ затоа што ова ветување треба да си го исполнат или реализираат“, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски