(ВИДЕО) Ковачевски-Лајчак: Мирот и стабилноста во регионот се клучни за побрзи евроинтегративни процеси

Од:

Неопходноста од забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со приоритет на Северна Македонија беше тема на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На средбата, како што соопшти Владата, присустувал и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Лајчак уште еднаш ја потенцирал силната поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и ја оценил нашата земја како доверлив партнер на Унијата.

Соговорниците заклучиле дека од клучна важност е унапредувањето на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, што пак придонесува за безбедноста и стабилноста на регионот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски