(ВИДЕО) Ковачевски: Граѓаните во Македонија бараат чист воздух!

Од:

„Грејната сезона во Скопје, Битола, Тетово, Кичево, Кавадарци граѓаните ја дочекаа со екстремно загаден воздух во којшто се измерени и до 1.000 микрограми на кубен метар ПМ10 честички. Овие честички СЗО ги прогласи за канцерогени и главни причинители на белодробни и кардиолошки заболувања.

Светска банка алармираше дека во Македонија годишно умираат 1350 луѓе како последица на загадениот воздух“, рече на денешната прес конференција, пратеникот, Васко Ковачевски.

„Тоа е резултат на погрешните политики на Никола Груевски којшто потроши 630 милиони евра за споменици, а граѓаните се гушат во нечист воздух.

Недозволиво е власта да троши милиони евра за споменици, за реклами, а граѓаните да дишат екстремно загаден воздух којшто е закана по нивното здравје.

Со голема загриженост ја следиме состојбата со загадувањето на воздухот во повеќе градови и алармираме за сериозните последици.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе „Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија“ до претседателот на Собранието и бараме на 74-та седница на Собранието истата да се разгледа.

Бараме итно да се превземат ефикасни мерки во спречувањето на загадувањето на воздухот коишто се однесуваат на работата на енергетските постројки, индустриските капацитети, управувањето со отпадот во земјоделието“, изјави Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата