(ВИДЕО) Ковачевски: Европската Комисија препознава солидно усогласување на нашето законодавство со европското

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска беше во работната посета на Брисел во рамки на која го отвори претпоследниот билатерален скрининг за поглавјето 30 посветено на надворешните односи.

По завршувањето на состанокот Ковачевски рече:

„Денес ми е задоволство што сум во работна посета во Брисел, во рамки на која го отворив претпоследниот билатерален скрининг за поглавјето 30 посветено на надворешните односи. Процесот на скрининг се одвива успешно и според утврдената динамика. Од првата меѓу владина конференција на 19 јули 2022 кога официјално ги започнавме преговорите со Европската Унија, се одржуваат објаснувачки и билатерални состаноци, за сите 33 поглавја поделени во 6 кластери. Во овој период од 15 месеци, имавме скоро 100 работни денови во Брисел, учествуваа приближно 1.000 учесници од сите институции, беа одржани 850 презентации, а во процесот учествуваа 206 различни институции.

Скринингот завршува утре на 7 декември и навистина сум задоволен што вицепремиерот Маричиќ и неговиот тим во СЕП успешно и во рок го поминаа целиот процес, а задоволството го дели и Европската Комисија и тоа го потврдија во нивниот извештај. Констатацијата на ЕК е дека имаме солидно ниво на усогласеност. Понатаму следат патоказите, кои се наша обврска која произлегува од Преговарачката рамка, кои пак се услов за отворање на првиот кластер. За државата воедно од огромна важност е Планот за раст, кој го презентираше претседателката Фон дер Лајен, а кој го баравме ние, земјите од Западен Балкан. ЕК го подготви и достави Планот и тоа е навистина охрабрувачки.

Планот за раст е токму она што го очекувавме – елабориран, оперативен и фокусиран на неколку приоритети што го прави остварлив, а не само уште еден план со недостижни цели. Овој План, ќе даде нов, силен поттик на процесот на евроинтеграции. Со неговата реализација која зависи и од ЕУ но пред се од нас, земјите од Западен Балкан двојно ќе го зголемат обемот на економијата на регионот и во земјата преку зголемена економска соработка. Планирани се 2 милијарди евра во грантови за земјите од Западен Балкан кои имаат можност да користат најмалку 4 милијарди евра во заеми за стратешки проекти кои што ќе го подобрат животот на граѓаните и работењето на компаниите а секако и инфраструктурата за поврзувањето на земјите од Западен Балкан. За да може да се операционализира сето ова воспоставена е структура за спроведување на планот за раст и на политичко и експертско ниво. Формирани се експертските и политичките работни групи, а првите чекори веќе и се преземени – на 17. ноември, во организација на Министерството за финансии, во Скопје се одржа министерска конференција со министри за финансии главни преговарачи од земјите од регионот, како и високи претставници од ЕК на која се утврдија детали за понатамошното функционирање на процесот и конкретни рокови кои треба да обезбедат што поскоро пристап до средствата.“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Штип и целиот македонски исток вечерва праќа порака, напредокот на земјата мора да продолжи

Горан Наумовски

СДСМ оддаде почит на ликот и делото на народниот херој Кузман Јосифовски Питу: Аманетот на НОБ ќе го исполниме

Ковачевски: Треба да следува апанажа доколку некој извршувал општествена функција

Орце Костов

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ ја враќа Универзална сала на Скопје

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов