(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ покажа дека е посветена на проширувањето

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на Самитот Западен Балкан – ЕУ во Тирана изрази задоволство, што прв пат ваков Самит на сите земји членки на ЕУ се одржува во Западен Балкан, во соседна Албанија. Тоа само ја потврдува посветеноста на ЕУ кон проширувањето.

Во продолжение е целата изјава на премиерот:

„Во овој навистина тежок гео-политички момент за Европа, кога се води војна во Украина, ова е многу јасен сигнал дека иднината на Западен Балкан и на сите земји од регионот е во ЕУ.

Се разговараше многу отворено и тоа се разговараше за оние теми кои што се најважни, најпрвин за енергетската криза и справувањето, повторно беа искажани сите заложби на ЕУ за брза помош за Западен Балкан, преку фондовите кои што се на располагање, што значи дека ние во јануари веќе ќе имаме пристап до 80 милиони евра кои што беа одобрени за справување со енергетската криза, меѓутоа и за инфраструктурните проекти за енергетска транзиција и за енергетска класификација.

Јас предмалку завршив состанок со Европската банка за обнова и развој, со претседателката на банката, на која што разговаравме за конкретните проекти за поврзување со интерконектори со Грција и со Бугарија, дополнителни два интерконектори, како и за довршување на другите гасоводи кои што се наоѓаат на територијата на нашата држава, бидејќи веќе го завршивме гасоводот кој што одеше од Жидилово до Битола.

Исто така разговаравме и за она што земјите кандидатки за членство во ЕУ го имаат кај себе да го завршат, тука особено разговаравме за владеењето на правото, и за борбата против корупцијата, вие знаете дека на агендата на нашата Влада многу високо е владеењето на правото и борбата против корупцијата и дури и овие денови тоа е главна тема која што ги окупира нашите медиуми, меѓутоа и нашите политички институции.

Она што можам да кажам е дека веќе разговаравме и на ниво на коалициони партнери, во однос на за прв пат донесување на закон за Ветинг во државата, јас за тоа разговарав и тука со највисоките претставници на ЕУ и многу скоро ќе се најде законско решение пред пратениците во Собранието, за спроведување на постапка за оценување на постојните и на идните носители на функции во однос на нивниот интегритет во насока да се намали можноста за било каква нефункционалност на оние кои што ќе бидат поставени на позиции, а тука пред се мислам на намалување на корупцијата, криминалот и подобрување на управувањето со институциите“, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: 100 отсто ги покриваме потребите за електрична енергија за домаќинствата

Ковачевски: Стратешки го зголемуваме домашното производство на храна и струја

Ковачевски – Вучевиќ: Ќе продолжи продлабочувањето на односите меѓу Северна Македонија и Србија

(ВИДЕО) Ковачевски: Членството во ЕУ е национален интерес, сите да бидеме одговорни за иднината на нашата земја

(ВИДЕО) Ковачевски: Новите инвестиции и работни места се потврда за успешните економски политики

Безбедносните служби одлучуваат дали Џамбаски ќе го слави Гоце Делчев во Македонија или ќе остане на граница

Кристијан Ландов