Руската агресија против Украина е кршење на меѓународното право и потсетник од непочитувањето на поредокот, истакна премиерот Димитар Ковачевски на обраќањето на дебатата на Самитот на Европа кој се одржува во Рејкјавик, Исланд.
– Македонија и Албанија се движат напред и не смееме да дозволиме влијание од надвор, посебно не е од Русија во срцето на Балканот. Македонија ја поддржува декларацијата на Самитот и сите анекси, а со ЕУ како партнер и како претседавач на ОБСЕ.
Би сакал да заклучам со следново: Дискурсот кој се користи од страна на Бугарија кон Македонија за жал е многу сличен со дискурсот кој Русија го користи во војната против Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели во овој период за иднината на Европа. Македонија е призната како модерно мултиетничко општество во кое се почитуваат сите права.
Обвинувањата од страна на претставникот на Бугарија тука на Самитот се целосно неосновани и доаѓаат од земја која не ги почитува одлуките на Европскиот суд на човековите права – рече Ковачевски.