(ВИДЕО) Ковачевски: Барокна зграда за ЕЛЕМ поважна од заштитни филтри за РЕК

Од:

Битола повторно руши рекорди по нивото на загаденост на воздухот и во друштво со Скопје, Тетово и Кичево е еден од најзагадените градови во Република Македонија, рече Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ Битола.

Раководството на ЕЛЕМ со амин на премиерот Никола Груевски, склучи дополнителен договор за новата барокна зграда на ЕЛЕМ тежат дополнителни 3.000.000 евра. За “непредвидени работи“, договорот со фирмата што ја прави зградата, од 11.600.000 евра, сега се зголемува на речиси 15.000.000 евра, додава тој.

Замислете ако 15.000.000 евра наместо за луксузирање и нова зграда за ЕЛЕМ, се искористеа на пример за значително подобрување на еколошките стандарди на РЕК Битола. Дали ќе беше вакво загадувањето во Битола? Дали ќе ни се полнеа болниците и ќе ни се разболуваа деца? Дали ќе умираа млади луѓе од рак, каква што тенденција има во последниве години?

И дали овие потези што ги прави актуелната власт не се класично поигрување со здравјето и животот на граѓаните?!

Во вакви околности, вчера, лично од министерот за животна средина слушнавме запрепастувачка изјава. Каков воздух ќе дишеле граѓаните не зависело од власта и министертството за екологија, туку дали граѓаните ќе возеле автомобили или ќе ги оставеле дома.

За разумна власт, квалитетот на живеењето на граѓаните е приорите број еден.

За власта на Груевски, приоритет број еден е да се задоволат апетитите на тесната група што владее.

Бараме власта итно да престане да се луксузира на сметка на здравјето на граѓаните во Република Македонија и да се фокусира на проблемите на граѓаните, каков што е проблемот со алармантното загадување на воздухот.

Би можело да ве интересира

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски

МВР: Кривична пријава за директорка на државен ученички дом во Битола, го оштетила Буџетот на МОН за 202.500 денари

Градоначалникот на Битола бара Обвинителството да ги истражи пријавите за каснувања од бездомни кучиња